Husameddin Gina
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) – По повод изминатите христијански празници, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, денеска во манастирскиот комплекс „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, организираше средба со поглаварите на верските заедници застапени во Уставот на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На приемот присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница на Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов од Католичката црква, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ и Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква.