Ihvan Radoykov
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
СОФИЈА
Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сто педесет и двајца пратеници во Парламентот кој брои вкупно 240 пратеници, дадоа поддршка за одржување на изборите на 14 ноември.
Вториот круг на парламентарните избори ќе се одржи на 21 ноември.
Според Уставот, изборите може да се одржат најдоцна два месеца пред завршувањето на петгодишниот мандат на претседателот Румен Радев, чиј мандат завршува на 22 јануари 2022 година.