Aldijana Hadzic
21 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
БИХАЌ (AA) – Министерката за здравство на Унско-санскиот кантон (УСК) Нермина Ќемаловиќ за Агенција Анадолија (АА) го потврди првиот смртен случај од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) во Босна и Херцеговина (БиХ).
Потсети дека утрово испратиле шест примероци во Сараево а дека два биле позитивн.
„Еден што е позитивен е помлада госпоѓа, сопруга на веќе заболен од коронавирусот кој е хоспитализиран кај нас во Кантоналната болница на инфективно одделение. Друг позитивен случај е повозразна госпоѓа која за жал почина", рече Ќемаловиќ.
Додаде дека жената која починала дошла со компликации на силна пневмонија и веднаш е третирана.
„Веднаш се сомневаше на корона, земен е брис и по неколку саати таа почина", рече Ќемаловиќ.
Додаде дека жената почината пред да дојдат наодите од Сараево.
Премиерот На УСК Мустафа Ружниќ потврди дека жената починала во раните утрински саати.