Husamedin Gina
26 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Православните верници денес го одбележуваат Велики Петок, со што започнува одбележувањето на велигденските празници, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој ден, православните христијани го празнуваат со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата.
Вечерва се одржа свечена литургија по повод празникот ВеликиПеток во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а со литургијата богослужеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, каде присуствуваа бројни православни христијани.
Граѓаните, Велики Петок и Велигден претежно ги слават во кругот на своите семејства, подготвувајќи традиционални јадења и одејќи в црква.