Mümin Altaş
17 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во својата честитка по повод Велигден истакна дека Турција продолжува самоуверено да чекори кон иднината во мир и спокојство и врз база на длабоко вкоренетата цивилизација збогатена со огромниот придонес на секој член на нацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во пораката објавена по повод Велигден, им го честита празникот на сите што го слават.
„Нашата земја, во која секој може слободно да ја живее својата вера, култура и традиција, и нашиот народ, кој го врзуваат чувствата на братство и солидарност, продолжува да биде единствен пример за целиот свет. Како членови на длабоко вкоренетата цивилизација која е збогатена со огромниот придонес на секој член на нашата нација од минатото до сегашноста, сите заедно, со цврсти чекори одиме кон иднината во мир и спокојство. Секое добро им посакувам на христијаните со кои ја делиме радоста што ја чувствуваат по повод Велигден“, порача Ердоган.