Балкан

„Културното наследство на народите на Балканот е промотор во светот"

Претставникот на Министерството за култура на Северна Македонија, Афет Јашари, изјави дека состанокот од ваков вид е од големо значење, и изрази уверување дека ваквите иницијативи ќе наидат на разбирање на државните институции

Zülfiya Yakup  | 25.04.2019 - Обновена : 27.04.2019
„Културното наследство на народите на Балканот е промотор во светот"

ПРИШТИНА (АА) - Советот на Косово за културно наследство денеска организираше работилница со назив „Привремената заштита како мерка на претпазливост во процесот за зачувување на културното наследство“, на која искуствата од таа област ги разменија претставниците на Косово, Северна Македонија и Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Претставникот на Министерството за култура на Северна Македонија, Афет Јашари, изјави дека состанокот од ваков вид е од големо значење, и изрази уверување дека ваквите иницијативи ќе наидат на разбирање на државните институции.

„Културното наследство на сите народи кои живеат на Балканот е амбасадор и промотор во светот, бидејќи преку заштита на културното наследство ќе им покажеме на другите дека нашите институции, како на Косово, така и во Албанија и Македонија, се подготвени да сторат најдобро во заштита на културното наследство“, изјави Јашари.

Претседателот на Комисијата за образование, наука, технологија, култура, млади и спорт, при Собранието на Косово, Исмаил Куртеши, ја истакна важноста на размената на искуства во заштитата на културното наследство, особено за Косово, кое нема друга традиција во оваа област.

„За културното наследство, ако имало некои грижи, тоа повеќе децении го правеа други и во текот на тоа време повеќе може да се зборува за едновековна штета нанесена на културното наследство, отколку за неговото зачувување или имаше напори, на некој начин, во еден дел на она што се нарекува културно наследство да се посвети посебно внимание, додека поинакви беа акциите кон делот кој се однесува на културното и духовно наследство на Албанците“, изјави Куртеши.

Тој додаде дека Косово сега има шанса да се ангажира на најдобар начин да го заштити културното наследство на Косово, а пред сѐ албанскиот народ, како најброен.

Директорката за културна политика и развој во Министерството за култура на Албанија, Козета Анѓелиу, изрази уверување дека оваа работилница ќе ја зајакне соработката која веќе е започната меѓу институциите на Косово и Албанија преку заедничките културни календари, но и за создавање на нови мостови на комуникација на ниво на експерти од областа културно наследство.

„Културното наследство не поставува граници. Во нашиот регион гледаме многу вредности, сличности на типологиите и традиционалните техники, како и материјал, бидејќи и ние живееме на една територија. Од таа причина, и под заедничка цел на заштитата на културното наследство, заедничките акции на вреднувањето и зачувувањето на наследството би требало да ги продолжиме и интезивираме“, изјави Анѓелиу.

Организаторот на работилницата, Советот на Косово за културно наследство, е независна агенција основана во согласност со Законот за културно наследство, а неговата мисија е да се ангажира на зачувување, надгледување и промоција на културното наследство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.