Ihvan Radoykov
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
СОФИЈА
На 67-годишна возраст почина Максим Минчев, генералниот директор на Бугарската национална новинска агенција (Бугарска телеграфска агенција - БТА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката на сочувство што ја објави БТА, се наведува дека Минчев, кого го опишуваат како „љубезен, вреден и харизматичен пријател“, починал во болницата во која бил хоспитализиран поради компликациите на болеста од која бил зафатен.
Минчев кој дипломирал на Катедрата за јавен печат во Украина, од 2013 година раководеше со генералната дирекција на БТА, а во 2016 година беше избран за Генерален секретар на Советот на Светската новинска агенција.
Порака на сочувство по повод смртта на Минчев упати и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Максим, кого го познаваме како почитуван и докажан новинар во својата професија, во своето богато професионално искуство отсекогаш се придржуваше до високите професионални критериуми во својата работа.“