Aldijana Hadzic
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа регистрирани се 2.365 нови случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека вкупниот број на активни случаи во Хрватска изнесува 16.929, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од активните случаи, 1.710 пациенти се на медицински третман во болница, од кои 194 пациенти се на респиратор.
Штабот за Цивилна заштита на Хрватска информираше дека во последното деноноќие починале 43 лица како последица на заразеност со коронавирусот.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега се детектирани 84.209 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.049 ги загубија животите. Вкупниот број на оздравени изнесува 66.231, од кои 2.483 во последните 24 часа.
Во самоизолација се наоѓаат 38.824 лица.
Досега се спроведени тестирања на 619.532 лица, од кои 8.175 во последните 24 часа.