Büşra Selvi Öğütcen,Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
ЊУЈОРК
Бројот на луѓето заразени со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 54 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" го објавува ажурираниот преглед на глобалната епидемиолошка слика од почеоткот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаевите на заразувањето во светот се зголеми на 54.329.104.
Досега во светот од последиците на заразувањето со коронавирусот починале 1.318.286 лица, додека се опоравиј над 37,8 милиони.
Пандемијата од Ковид-19 најтешко ги погоди САД, каде се заразени 11.226.218 луѓе.
Според бројот на заразените, по САД, следуваат Индија (8.814.902), Бразил (5.848.959), Франција (1.954.599), Русија (1.903.253), Шпанија (1.492.608), Велика Британија (1.344.356), Аргентина (1.304.846), Колумбија (1.191.004) и Италија (1.144.552).