Sefa Mutlu
15 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес отпатува кон Никозија, во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и делегацијата на аеродромот „Ататурк" го испратија гувернерот на Истанбул Али Јерликаја и други функционери.
Се очекува дека Ердоган во текот на посетата ќе присуствува на церемониите по повод одбележувањето на 37. годишнината од основањето на ТРСК.
Во соопштението на турскиот Директорат за комуникации се наведува дека Ердоган би требало да се состане со претседателот на земјата Ерсин Татар, и дека во таа пригода ќе се разговара за чекорите на јакнење на соработката, кипарското прашање и последните случувањата во Источниот Медитеран.
Планирано е и Ердоган да присуствува на отворањето на болницата во Никозија.