Admir Fazlagic
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски упати честитки до новинската Агенција Анадолија (АА) по повод јубилејната 100. годишнина од основањето на агенцијата.
„Дозволете ми да Ви го честитам јубилејниот 100-ти роденден на новинската агенција „Анадолија“, која меѓу 13-те јазици, емитува и програма на македонски јазик", вели претседателот Пендаровски во честитката упатена до АА.
„Со своето долго постоење, како и реформирањето преку технолошкиот, политичкиот, општествениот и економскиот развој на глобално ниво, турската државна новинска агенција „Анадолија“ е значаен хроничар на многу настани кои се случувале и се случуваат во Турција, нашиот регион, но и во светски рамки", се наведува во честитката на претседателот Пендаровски, кој посакува понатамошна успешна работа на агенцијата.
