Fatma Zehra Solmaz
06 Август 2026•Ажурирано: 06 Август 2026
Сирија ослободена од тероризам и милиции и обединета како една држава е „најсилна гаранција“ за заштита на заедничката граница со Турција, изјави денес сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал-Шајбани, јавува Анадолу.
Ал-Шајбани го изјави ова на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Анкара.
На прес-конференцијата Фидан рече дека израелските напади врз Сирија претставуваат една од најголемите закани за стабилноста на земјата и ја обвини Владата на Израел дека го ескалира насилството низ регионот.
Осврнувајќи се на неодамнешниот договор за продолжување на мировниот план за Газа, Фидан изјави дека продолжувањето на израелските напади „уште еднаш покажало дека (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху не сака мир“.