Andelija Stojkovic
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во изминатите 24 часа во Србија потврдени се 284 случаи на коронавирусот, а седум лица починаа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Епидемиологот Предраг Кон на прес-конференција истакна дека во Србија се потврдени вкупно 1.908 случаи на Ковид-19, и дека вкупно се тестирани 7.360 лица, додека вкупниот број на починати изнесува 51.
Кога станува збор за бројот на починати, во последните 24 часа во Србија починале пет мажи и две жени, сите имале придружни болести, а просечната возраст на починатите изнесува 64,2 години.
Кон додаде дека во болниците низ Србија се хоспитализирани 1.082 лица, од кои 98 се на респиратори.
На прес-конференцијата е кажано дека коронавирусот е потврден кај здравствени работници во болниците во Ваљево и Ќуприја и дека одреден број лекари на Гинеколошко-акушерската клиника „Народен фронт“ во Белград се заразени, но дека сите здравствени работници се изолирани и дека внимателно се следат нивните контакти.