Hakan Çopur
05 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, најави дека ќе потпише декрет со кој ќе им се овозможи на студентите на завршна година на медицинските факултети порано да дипломираат и веднаш да почнат да работат, со цел поефикасна борба против пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Куомо рече дека чекорот го презема за да придонесе во борбата во државата Њујорк, која стана центар на епидемијата на коронавирусот во Соединетите Американски Држави (САД).
„Ќе потпишам декрет со кој ќе им се овозможи на студентите по медицина кои треба да дипломираат оваа пролет веднаш да започнат со работа. Овие денови се едни вонредни времиња и на Њујорк му е потребна помош“, рече Куомо.
Куомо вчера наведе дека во Њујорк починале над 3.500 луѓе.