Zylfije Adem Jakupi
05 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
ПРИШТИНА (АА) - Министерството за здравство на Косово соопшти дека денес починале уште 6 пациенти заразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според информациите од клиниките каде што беа хоспитализирани пациентите кои починаа денес, освен инфекцијата со Ковид-19, имале и други заболувања.
Со денешните 6 смртни случаи, во Косово од почетокот на епидемијата на коронавирусот регистрирани се вкупно 64 смртни случаи.
Од почетокот на епидемијата, тестирани се 24.575 лица со сомнителни симптоми за Ковид-19, од кои 3.178 биле позитивни, додека досега излекувани се 1.824 лица.