свет, Коронавирус

Билансот на починати од Ковид-19 во Африка надмина 11.000

Најпогодени земји се Египет, Јужноафриканската Република и Алжир

Handan Kazancı  | 05.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Билансот на починати од Ковид-19 во Африка надмина 11.000

КАРТУМ (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус во Африка надмина 11.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Смртните случаи на континентот достигнаа до 11.117, додека заразени се 466.168 лица, покажуваат податоците на „Worldometer“.

Вкупно 224.808 пациенти се излекувале од вирусот.

Најпогодени земји се Египет, Јужноафриканската Република и Алжир.

Во Египет досега има регистрирани 3.280 смртни случаи, во Јужноафриканската Република има 3.026, додека во Алжир регистрирани се 946 починати.

Земји со најголем број потврдени случаи на коронавирусот се Јужноафриканската Република со 187.977, Египет со 74.035 и Гана со 28.167 случаи.

Досега нема пријавени смртни случаи на Сејшелите, во Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото.

Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, минатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони во светот.

САД, Бразил и Русија во моментов се најпогодени земји со вирусот во светот.

Пандемијата досега зеде над 530.100 животи, вирусот е дијагностициран кај над 11,2 милиони луѓе, додека повеќе од 6 милиони се излекуваа, покажуваат бројките на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın