Samir Kajoševic
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се 57 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора кажаа дека анализирани биле 548 примероци, од кои 57 биле позитивни на вирусот.
„Најмногу новооткриени случаи се од Бијело Поље, каде се регистрирани 25 заразени лица. Од 57-те новооткриени, 35 се контакти на претходно потврдени случаи, кај 21 заболен се бара изворот на инфекцијата, додека еден случај е увезен“, наведува Институтот.
Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора изнесува 396, од кои четири имаа смртен исход.
Најмногу активни случаи има во Подгорица, 111 заболени, додека во Рожаје има 96.