Agim Sulaj
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ПРИШТИНА
Полицајка во Косово првин застрела четири лица, а потоа изврши самоубиство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за тешки кривични дела при Основното обвинителство во Гилане, случајот настанал во околу 13:00 часот, кога полицајка, откако убила четири члена од нејзиното семејство, се самоубила.
„Според првичните информации, постои сомнение дека во населбата Бујанина во Гилане, В. Б., полициска службеничка во рамки на Полициската станица во Гилане, со огнено оружје ги усмрти двајцата свои родители и двајца браќа, а потоа извршила самоубиство“, се наведува во ова соопштение.
Се истакнува дека на местото на настанот биле упатени надлежните лица, кои ја констатирале смртта на лицата.
Обвинителството нагласи дека случајот е под истрага, и дека труповите со наредба на Обвинителството ќе бидат испратени на обдукција.