Bojana Stojanovic
19 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека политиката на Србија е почитување на Дејтонскиот договор, и оцени дека не е негова работа да го „заузди“ членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Милорад Додик, јавува Агенција Анадолија (AA).
Повторувајќи дека Србија не се меша во внатрешните прашања на БиХ, Вучиќ рече дека Србија го почитува Дејтон, што значи и интегритетот на Босна и Херцеговина, но и на Република Српска во нејзини рамки.
Како одговор на прашањата на новинарите во Белград, Вучиќ рече дека со ниту една негова изјава за БиХ не ја загрозил Босна и Хецеговина, и дека „не е негова работа да го зауздува Додик“.
Српскиот претседател оцени дека коментарите за неговото „мешање во политиката на БиХ говорат колку е голема желбата на многумина да го покажат виновникот во Србија“.
„Немаат срам што никој не е уапсен за обидот за линч во Сребреница, кога во Србија присуствуваат на собири на кои нашата земја ја прогласуваат за фашистичка и бараат специјални статуси, а немаат право на тоа, а ако некој недоволно го брани она што тие би сакале да го брани, говорат дека е злосторник и автократ“, рече Вучиќ.