İhvan Radoykov
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
СОФИЈА (АА) - Анкета направена во Бугарија покажа дека над половина од населението на оваа земја имаат голема загриженост од избивање на трета светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според анкетата на компанијата „Gallup İnternational“, 53 отсто од испитаниците истакнаа дека живеат со загриженост поради можноста од избивање нова светска војна.
Исто така, 34 отсто од испитаниците нагласија дека можноста од користење нуклеарно оружје во случај на нова светска војна е „многу висока“, додека 28 отсто рекоа дека можноста е „висока“.
Од друга страна, 62 отсто од испитаниците истакнаа дека Европската Унија (ЕУ) треба да ги продолжи преговорите со Турција, додека 33 отсто рекоа дека овој дијалог е непотребен.
Меѓу другото, 62 отсто од учесниците во анкетата нагласија дека Бугарија успешно претседава со Советот на ЕУ.