Ekip
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
БЕЛГРАД (AA) - Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград уапсиле тројца државјани на Бугарија дека на банкомат од една банка во Белград поставиле уред за неовластено преземање податоци и пин кодови од платежните картички - скимер, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата при претресот на двата изнајмени стана, кои ги користеле осомничените, пронашла уште пет скимери со лајсни, четири платежни картички, читач на платежни картички, два лаптопи и друг помошен алат.
Поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривични дела фалсификување и злоупотреба на платните картички и правење, набавка и давање на други средства за фалсификување, уапсени се М.Д (1992), Т.И.И (1969) и Д.К.К , соопшти полицијата.
Осомничените со кривичната пријава ќе бидат приведени во јавното обвинителство во Белград.