Addis Getachew Tadesse
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АДИС АБЕБА (АА) - Турска авантуристка е блиску до исполнување на нејзиниот сон да го заврши патувањето низ Африка на мотоцикл, пишува Anadolu Agency (AA).
Гулчин Согут, Турчинка во средните триесетти години, во разговорот за Anadolu Agency (AA), откако ја помина кениската граница со Етиопија, раскажа дека во текот на патувањето низ Африка се соочува со најтешко совладливиот терен, а освен тоа што наишла на крадци, рече дека најлошо од сè било тоа што за малку ќе била погодена со мачета.
Веќе позната по социјалните мрежи во Турција, притоа инспирирајќи илјадници, Согут рече: „Мојот сон е патувањето низ Африка. Поминавме речиси 50.000 километри патувајќи низ африканскиот континент.“
Заедно со нејзиниот партнер од Европа, Фери Схаутен, тргнале на патувањето со дневен буџет од 50 долари.
„Тој немаше никакво искуство со мотоцикли кога првпат го запознав“, рече таа за Схаутен, со кого се запознала во Индонезија.
„Нашата тура низ Африка беше и пријатна и застрашувачка“, рече Согут, потсетувајќи се на минувањето низ многу тежок терен, како што се пустините, песочните дини и долините.
„Возењето по песочните дини и песокот е најтешко за мене“, рече таа.
Таа додаде дека единственото нешто што не би го сторила е да патува по дождливо време.
- Опасни искуства -
Иако двајцата имале можност да видат неверојатни места како Нгоронгоро во Танзанија, каде што се восхитуваа на прекрасните водопади, и Јужен Омо во Етиопија, каде што ги посетија необичните племиња, тие, исто така, имале и застрашувачки искуства.

„Најстрашното искуство беше кога додека се возев на мотоциклот, од нигде-никаде човек сакаше да ме погоди со мачета“, рече Согут.
Таа кажа дека ја спасил друг човек кој го убедил напаѓачот дека не треба да ѝ наштети.
„Понекогаш ќе го повикав него на помош“, рече таа, покажувајќи на нејзиниот партнер.
„Јас ќе ѝ кажев: кога ѝ да се појавува опасност, дека тоа е нејзиниот сон, а не мојот“, одговори нејзиниот партнер.
- Мотив -
Согут ја загубила мајка си во 2013 година, и смета дека животот е премногу краток за да се потроши напразно.
„Поради тоа се откажав од сè, вклучувајќи ја и мојата работа. Ја спакував торбата и тргнав во Латинска Америка. Останав таму три години“, рече таа.

Тоа моментот кога таа решава да патува подалеку и подолго, што го прави оттогаш.
Досега, таа веќе има поминато 32 африкански земји, Судан и Египет остануваат пред неа, а турнејата низ Африка Согут ќе ја заврши во следните неколку недели.
„Сега имаме поинаков поглед кон Африка од сликата што претходно ја имавме за континентот, која беше претежно негативна“, рече таа.
Согут истакна дека луѓето кои ги сретнала во Африка во текот на нејзиното патување биле многу учтиви и љубезни.
„Имаше случаеви кога ни приоѓаа луѓе и ни даваа пари“, рече таа.
Во Гвинеја Бисао, раскажа таа, мештаните заклале кокошка и отишле на риболов со цел да организираат ручек во нивна чест.
Тоа ѝ дало силна верба и мотив дека човештвото во целина е добро.