Admir Fazlagic
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО ја потврди министерката за одбрана Радмила Шекреинска која на официјалниот профил на социјалните мрежи напиша дека првите честитки за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ги добила во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет.
„Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност", објави Шекеринска.
Откако Исланд го ратификуваше Протоколот, останува да го ратификуваат уште Франција, Шпанија и Холандија.
Потсетуваме, земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6 февруари оваа година.
За да стане Северна Македонија полноправна земја членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата.