Балкан

Димитров: „Нашите срца се со нашите турски пријатели"

„Многу е тажно да се слушне за загубата на животите во катастрофалниот земјотрес во Турција. Нашите срца се со нашите турски пријатели. Остани сила Турција. Мислам на вас драг Мевлут Чавушоглу", напиша министерот Димитров на Твитер

Admir Fazlagic  | 25.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Димитров: „Нашите срца се со нашите турски пријатели" ( Фото: Архива / Ангенција Анадолија )

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, изрази сочувство до семејствата на загинатите лица во земјотресот во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Многу е тажно да се слушне за загубата на животите во катастрофалниот земјотрес во Турција. Нашите срца се со нашите турски пријатели. Остани сила Турција. Мислам на вас драг Мевлут Чавушоглу", напиша министерот Димитров на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот во Турција изразија и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, како и премиерот Оливер Спасовски.

Пораки на сочувство по повод земјотресот во Турција упатија и претседателот на Албанија Илир Мета, премиерот Еди Рама, вршителот на должноста министер за Европа и за надворешни работи на оваа земја Гент Цакај, како и претседателот на Косово Хашим Тачи и косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли.

Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот кој се случи вчера на истокот на Турција, во Елазиг, се зголеми на 29 лица.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистиран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија.

Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.