Ekip
31 Декември 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2022
АТИНА
Грција вчера (четврток) го регистрира третиот последователен дневен рекорд на случаи на Ковид-19, со пријавени 35.580 случаи од страна на здравствените власти во изминатите 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најновите бројки доаѓаат по 28.828 случаи кои беа регистрирани во средата и 21.657 случаи во вторникот.
Стапката на позитивни во Грција исто така се зголеми, достигнувајќи 8,37 проценти во четвртокот од 7,23 проценти во средата.
Пријавените 35.580 случаи беа идентификувани од 424.682 направени тестови, додека во средата 28.828 нови случаи беа идентификувани од 398.632 направени тестови.
Откако започна пандемијата, Грција потврди 1.170.293 инфекции.
Регионот Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина, регистрира 15.713 нови случаи, додека Солун регистрира 3.997 случаи, според здравствените власти.
Во последните 24 часа регистрирани се 72 смртни случаи, доведувајќи го вкупниот број на 20.708 случаи.
Бројот на пациентите на кислородна поддршка останува висок со 636 на интензивна нега. Од нив, 540 или 84,91 процент се невакцинирани или делумно вакцинирани и 96 или 15,09 проценти се целосно вакцинирани.
Според алтернативната министерка за здравје, Мина Гага, новата омикрон-варијанта се шири низ Грција и сите контролни тестови за вирусот покажуваат дека над 60 проценти од неодамнешните случаи се со таа варијанта.
„Луѓето не треба да бидат исплашени или да паничат, но треба да внимаваат да не го однесат вирусот во нивните домови, особено на постарите и поранливите категории“, рече Гага на дневниот брифинг.