Furkan Abdula
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 373 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 224.507, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.953.
Институтот за јавно здравје регистрира 320 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 211.548.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.006.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.489 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања.