Продолжуваат активностите за ставање под контрола на пожарот во Општина Македонски Брод
Центарот за управување со кризи на Северна Македонија (ЦУК) објави дека низ целата земја, до 12:00 часот, има вкупно 19 пожари на отворен простор...

СКОПЈЕ (АА) - Продолжуваат активностите за ставање под контрола на пожарот во Општина Македонски Брод, кој трае веќе неколку дена, јавува Анадолу.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија, Стојанче Ангелов, изјави дека нивните активности за гаснење на пожарот во повеќенаменскиот простор „Јасен“, што се наоѓа во Општина Македонски Брод, продолжуваат.
„Пред малку изби силен густ чад зад неколку објекти на самото јавно претпријатие. Црн чад, висок пламен, кој е видлив. Поставена е одбрана и на огнот нема да му дозволиме да дојде наваму, но теренот не дозволува влегување бидејќи се работи за стрмен терен и густа шума“, рече Ангелов.
Тој додаде дека имаат доволно сили кои ќе го стопираат овој пожар тежок за гаснење.
Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи на Северна Македонија (ЦУК) објави дека низ целата земја, до 12:00 часот, има вкупно 19 пожари на отворен простор.
Според ЦУК, 8 од нив се сè уште активни, додека 11 други се изгаснати.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.