Балкан

МВР лиши од слобода две лица во Куманово и Тетово поради предизвикување пожар

- Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денес објави дека од слобода се лишени 57-годишен маж од Куманово и 41-годишен маж од тетовското с.Челопек

Oktaj Omeragikj  | 14.08.2025 - Обновена : 14.08.2025
МВР лиши од слобода две лица во Куманово и Тетово поради предизвикување пожар

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денес објави дека од слобода се лишени две лица поради сомнение за предизвикување на пожар, известува Анадолу.

Припадниците на полицијата на СВР Куманово денес лишиле од слобода 57-годишен маж од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Приведеното лице во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар во кој се опожарени сува трева, патничко возило "ауди", напуштена куќа и ниви.

Полицијата на Жеровјане во местото Брест атар кај тетовското с.Челопек лишиле од слобода 41-годишен маж од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување пожар.

Полициските служби преземаат мерки за расчистување на случаите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.