Fatjon Cuka
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ТИРАНА (AA) - Полициската станица на Корча спроведе операција против обид за трговија со луѓе со кодно име „Врдова“, каде што се фатени на дело тројца албански државјани кои според полицијата, за финансиски надомест им помагале на 27 странски државјани илегално да ја преминат границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на полицијата од Корча е наведено дека во текот на оваа операција, уапсени се Л.Ј (28), В.К (47) и А.Ч (47).
Нивното апсење следуваше откако тие беа фатени на дело на патот Корча-Поградец, во близина на местото „Раскрсница на Вердово“. Тие во своите возила ги превезувале 27-те странски државјани со потекло од Сирија, Ирак и од Судан, кои доаѓаат од еден камп од Солун во Грција, и илегално ја преминале зелената гранична зона кон Албанија, се наведува во официјалното соопштение на полицијата од Корча.
Според полицијата, уапсените им ветиле на странските државјани дека ќе им помогнат да одат кон земјите на ЕУ, преминувајќи низ територијата на Албанија.
По нивната интервенција, 27-те странски државјани, меѓу кои 12 малолетни, биле транспортирани во Националниот центар за прием на азиланти во Тирана.