ЦУК: На територијата на Северна Македонија вкупно пет пожари на отворен простор
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во подрачјето на „Јасен“, и во подрачјето на Општина Јегуновце, тетовско, помеѓу селата Рогачево и Јажинце

СКОПЈЕ (АА) – На територијата на Северна Македонија има вкупно пет пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување кризи, пренесува Анадолу.
Во објава на социјалните мрежи, Центарот истакна дека според состојбата на теренот заклучно со 12 часот денес, од петте пожари низ државата, активни се два, додека под контрола се ставени или изгаснати се три пожари.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во подрачјето на „Јасен“, и во подрачјето на Општина Јегуновце, тетовско, помеѓу селата Рогачево и Јажинце.
Под контрола и изгаснати се три пожари на територијата на државата и тоа во Општина Тетово, пожарот на патниот правец Тетово- Гостивар, потоа пожарот во Општина Врапчиште, кај село Врановци, како и пожарот во Општина Липково кај село Матејче.
Од ЦУК велат дека екипите остануваат на терен и ги следат состојбите со цел да се спречи нивно евентуално повторно активирање.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.