Балкан

Косово доби 50 оклопни возила од САД

Соединетите Американски Држави (САД) префрлија 50 оклопни безбедносни возила на Косово преку Програмата за вишок одбранбени артикли

Elena Trenchevska Chekovic  | 16.08.2025 - Обновена : 16.08.2025
Косово доби 50 оклопни возила од САД Фото: Албин Курти/Фејсбук

СКОПЈЕ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) префрлија 50 оклопни безбедносни возила на Владата на Косово во рамките на Програмата за вишок одбранбени артикли (EDA), соопшти Амбасадата на САД во Косово, пренесува Анадолу.

Амбасадата преку соопштение истакна дека Косово, користејќи ги своите одбранбени ресурси, ќе ги доведе овие возила до целосна оперативна способност.

Се додава дека потегот означува „уште еден чекор во нашата заедничка посветеност на зајакнување на одбранбениот капацитет на Косовските безбедносни сили и зајакнување на безбедноста на нашите две земји.“

На свечената церемонија на прием и предавање на оклопните возила од САД што се одржа вчера присуствуваа вршителот на должноста премиер Албин Курти, заедно со вршителот на должноста министер за одбрана, Ејуп Маќедончи, военото аташе во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, потполковник Џонатан Шо и командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Башким Јашари.

Програмата за вишок одбранбени артикли (EDA), управувана од Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста (DSCA), му овозможува на Министерството за одбрана на САД да префрла вишок воена опрема на странски влади во рамките на програмата за продажба на воена опрема во странство (FMS).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın