Sarp Özer
30 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
МАМУША
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, се сретна со граѓаните во Мамуша, единствената турска општина на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар оствари повеќе средби на Косово, каде што престојуваше во официјална посета.
По посетата на Претседателството на делегацијата на Турците во Косово со седиште во Призрен, Акар ја посети и Мамуша, единствената турска општина во Косово.
Акар, кој беше пречекан со голем интерес од граѓаните, најпрвин ја посети општината. Акар од градоначалникот Абдулхади Краснич беше дочекан на врата, а исто така разговараше и со граѓаните кои го пречекаа.
„Сакаме да живеете во мир, стабилност и во просперитет. Турција никогаш не ги заборави своите браќа и сонародници што живеат во Косово. Имаше многу тешкотии во оваа географија. Нашата надеж е дека сево ова ќе заврши и дека економската состојба ќе биде многу подобра“, нагласи Акар.
Министерот Акар, исто така, додаде:
„Од една страна, важно е да ја зачуваме сопствената култура, а од друга страна, да се приспособиме на општеството во кое живееме. Но нема да ги заборавиме идентитетот и поединецот. Ние како Турци ќе придонесеме за развојот и удобноста на општествата во кои живееме. Имаме своја историја, литература, музика, фолклор. Ќе ги заштитиме колку што можеме. Ова е многу важно во однос на тоа младите да бидат заштитата на врската. Косово е наш брат, пријател, сојузник. Очекуваме нашите браќа и сонародници што живеат во Косово да дадат свој придонесат за науката, уметноста и економијата на земјата.“
Градоначалникот Абдулхади Краснич, истакнувајќи дека се многу горди од посетата на Акар, рече: „Како Турци од Косово, ние секогаш се трудевме да играме конструктивна улога, а не сепаратистичка. Ние сме Турци, но сме од Косово. Се обидуваме да го направиме најдоброто за развојот на косовската држава.“
- Посета на споменикот „Шехиди од Чанаккале“
На крајот од посетата, разговарајќи со граѓаните пред општинската зграда, Акар рече: „Вие сте наша гордост. Вашите трудови и напори секогаш се многу пофалени. Ние сме горди што гледаме колку сте вредни и што давате придонес во развојот на Косово.“
Акар на граѓаните им ја честита Новата година и потоа ги посети споменикот „Шехидите од Чанаккале“ и Гимназијата „Ататурк“, каде што разговараше со учениците.
„Вашата одговорност е голема. Верувам дека со стекнување напредно образование во науката и уметноста ќе дадете важен придонес и за Мамуша и за Косово. Треба да ја искористите оваа можност и за себе и за својата нација. Имаме големи очекувања од вас, така што имате важни обврски.“
Акар им ја честиташе Новата година на учениците на кои им подари таблет компјутери.