Andelija Stojkovic
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател, Александар Вучиќ, и директорот на Надворешната руска разузнавачка служба, Сергеј Јевгењевич Наришин, денеска во Белград разговараа за безбедносната ситуација на Балканот, Европа и во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во краткото соопштение на кабинетот на српскиот претседател, двајцата соговорници се согласиле да продолжат со соработката и активностите во разузнавачкиот и безбедносниот сектор.
На состанокот во Претседателството на Србија присуствуваше и директорот на Безбедносно-информативната агенција, Братислав Гашиќ.