Ekipa
29 Октомври 2021•Ажурирај: 30 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 417 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 201.708, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавено е едно починато лица со датум на смрт на 24.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.108.
Институтот за јавно здравје регистрира 329 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 188.024.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.576.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.964 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања.