Stipe Mayiç
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Од касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Загреб, во мисијата на поддршка на мирот во Авганистан свечено е испратен седмиот хрватски контигент, кој се состои од војници од Хрватска и од партнерските земји Црна Гора, Македонија, Албанија и БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во мисијата за поддршка на мирот „Resolute Support“ (Решителна поддршка) во Авганистан е испратен 7. хрватски контигент, кој го сочинуваат вкупно 96 војници, од кои пет се жени и 28 се припадници на вооружените сили на партнерските земји. Учествуваат 18 припадници на Војската на Црна Гора, шестмина припадници на Армијата на Македонија, двајца припадници на вооружените сили на Албанија и двајца припадници на вооружените сили на БиХ, под команда на бригадирот Жељко Љубаш.
Потпретседателот на Владата и министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ, учеството на војниците од наведените земји на регионот го оцени како значаен придонес во заедничката соработка за изградба на глобалната стабилност и безбедност.
„Свесни сме дека безбедноста денес не се брани само на границите на Хрватска, туку таму каде што се создава заканата“, порача Крстичевиќ.
Тој со гордост истакна дека хрватските војници за првпат од учеството во мисијата на РС, по пиштолот Самокрес и воената опрема, вооружени се со хрватска јуришна пушка „VHS-2“, од произведувачот ХС Проодукт од Карловац.
„Уверен сум дека токму хрватските војници со својата професионалност, способноста, уште еднаш ќе покажат и ќе докажат дека Хрватска е веродостоен парнер и сојузник во рамките на НАТО. Хрватскиот војник активно придонесува за зачувување на мирот и стабилноста во тој дел од светот“, изјави Крстичевиќ.
Тој изјави дека хрватските војници, кои се целосно опремени со хрватски производи, се одлични промотери на домашната воена индустрија во светот.
Припадниците на 7. контигент ќе бидат распоредени во Командата за обука, советување и помош во Мазар-и Шариф и во Командната мисија на РС во Кабул.
Вооружените сили на РХ со партнерските земји учествуваат во мисијата на НАТО „Решителна поддршка“ од 1 јануари 2015 година.