Adel Ömeragiç
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Непознато лице почина утрово во Цетиње, поради нестручно ракување со експлозивна направа, соопшти управата на полицијата на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
„Утрово околу три часот, на улицата „Херцеговска“ во Цетиње активирана е импровизирана експлозивна направа од чиешто дејство смртно настрада едно лице кое, според сомневањата, ја активирало експлозивната направа“, се наведува во соопштението.
Службениците од центарот за безбедност на Подгорица и од одделението за безбедност на Цетиње работат на идентификацијата на лицето што загина, според сомнежите, поради нестручно ракување со импровизирана експлозивна направа.
„Криминалистичката обработка на случајот упатува на сомневање дека лицето што настрада имало намера експлозивната направа да ја постави и да ја активира под возило во сопственост на В.В.“, се додава во соопштението.
Во тек се полициско-обвинителни мерки и акти.
Ова е втор случај во последните два месеца, поради нестручно ракување со експлозивна направа да дојде до смртен случај. Бошко Божовиќ (24) и Милан Пековиќ (22) од Никшиќ, во почетокот на август загинаа од експлозија на бомба во Тиват, додека се обидувале да направат експлозивна направа.