Ihvan Radoykov
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
СОФИЈА (АА) - Најмалку 46 лица загинаа рано утрово во автобуска несреќа во Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Автобусот со таблички на Северна Македонија се запалил откако удрил во бариера покрај патот на автопат во западна Софија, јави приватната телевизија НОВА.
Првичните извештаи говорат дека меѓу загинатите има 12 деца, додека седум лица повредени во несреќата се пренесени во болница во главниот град.
Соопштено е дека автобусот тргнал од Истанбул вчера и влегол во Бугарија доцна синоќа.