Fatjon Cuka
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
ТИРАНА (АА) - Полициски службеник во Албанија е убиен откако е отворен оган врз полицајци кои вршеле контрола против култивирање растенија од кои може да се добие дрога во подрачјето на Леж, а откриен е идентитетот на сторителот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалната полициска дирекција во Леж соопшти дека поради сè уште непознати причини со огнено оружје е отворен оган врз група полициски службеници за контрола на територијата за спречување на култивирање растенија од кои може да се добие дрога.
Според полицијата, со огнено оружје бил ранет полицискиот службеник С. Х. (44) од полицијата во Леж, кој поради повредите починал на пат кон болница.
Генералната полициска дирекција на Албанија потврди дека идентификуван е осомничениот за убиството на полицискиот службеник.
„Осомничениот е 21-годишниот Алдо Рама, кој претходно бил осудуван за производство и продажба на наркотици и за нелегално поседување ладно оружје, кој со возило го напуштил местото на настанот“, се вели во соопштението, во кое се додава дека продолжуваат активностите за фаќање на сторителот.