Балкан

Џаферовиќ: „Документите потпишани во Бугарија имаат поширока содржина од содржината за Отворен Балкан“

„Наместо да лансираме идеи од нови иницијативи, треба да го имплементираме она што веќе го имаме усвоено како иницијатива...“

Edıta Zekjırovıc  | 28.09.2021 - Обновена : 28.09.2021
Џаферовиќ: „Документите потпишани во Бугарија имаат поширока содржина од содржината за Отворен Балкан“ Фото: Edıta Zekjırovıc/AA

СКОПЈЕ (АА) - Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Шефик Џаферовиќ, истакна дека документите потпишани во Бугарија на 10 ноември 2020 година, имаат поширока содржина од содржината на Отворен Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).

На денешното обраќање пред спомен-обележјето на жртвите од геноцидот во Сребреница, по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците, Џаферовиќ се осврна и на договорите што ги потпишаа лидерите на земјите од Западен Балкан во Софија.

Во рамките на Берлинскиот процес, беше потпишана Декларација за заеднички регионален пазар за подлабока регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, како и Декларација за зелена агенда.

„Кога ќе ги погледете тие документи, кои се потпишани од сите шест држави на Западниот Балкан, под водство на Европската Унија во рамките на Берлинскиот Конгрес, нивната содржина е поширока во однос на содржината за Отворен Балкан“, посочи Џаферовиќ.

Тој рече дека како член на Претседателството на БиХ смета дека е доволно тоа што е потпишано во Софија, на 10 ноември 2020 година.

„Тоа не е замена за нашиот европски пат, тоа се наоѓа на нашиот европски пат во рамките на Берлинскиот процес. И наместо да лансираме идеи од нови иницијативи, треба да го имплементираме она што веќе го имаме усвоено како иницијатива. Зошто тоа не се реализира, а се зборува за некои други идеи, останува отворено прашање. Јас не сакам ништо однапред да зборувам“, истакна членот на Претседателството на БиХ.

Во однос на пописот на населението, кој сè уште трае во Северна Македонија, Џаферовиќ упати порака секој да се изјасни онака како што се чувствува.

„Да бидат она што се и да се изјаснат онака како што се чувствуваат, дека се Бошњаци, со полно срце. Граѓани на Република Северна Македонија по етничка смисла Бошњаци, дека нивниот мајчин јазик е босански јазик“, додаде Џаферовиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.