Fatjon Cuka
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) - Албанската полиција во Драч приведе турски джравјанин и започна кривична постапка против неговата сопруга, поради обид за преминување на границата со фалсификувани пасоши, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални извори од Полициската дирекција во Драч за АА потврдија дека е приведен Мухамед Јасир Ајдогмуш (39), државјанин на Турција, кој е обвинет за обид да ја премине границата со фалсификуван пасош.
„Припадници на Секторот за истрага на кривични дела при Регионалната дирекција за граници и миграција во Драч го приведоа Мухаммед Ајдогмуш (39), државјанин на Турција, и започнаа кривична постапка против неговата сопруга, Н.А. (34), државјанин на Турција. Споменатите, заедно со нивните две деца се обиделе да ја преминат границата и да патуваат за Италија со пасоши за кои постои сомневање дека се фалсификувани“, се потврдува од страна на полицијата во Драч.
Исто така, од полицијата велат дека материјалите за истрага во врска со овој случај се предадени во Обвинителството на судскиот округ Драч, за понатамошна постапка за кривичните дела „Фалсификување лична карта, пасош или визи“ и „Илегален премин на државна граница“.