свет

САД одобрија потенцијална продажба на оружје за воздушни напади на Канада во вредност од 2,68 милијарди долари

Главни изведувачи ќе бидат компанијата „Боинг“ и корпорацијата „РТХ“, двете со седиште во Вирџинија

Diyar Güldoğan  | 05.12.2025 - Обновена : 05.12.2025
 САД одобрија потенцијална продажба на оружје за воздушни напади на Канада во вредност од 2,68 милијарди долари

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент донесе одлука со која одобрува потенцијална продажба на оружје за воздушни напади и придружна опрема на Канада, соопшти Пентагон, јавува Анадолу.

Проценетата цена е 2,68 милијарди долари, соопшти Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста.

„Предложената продажба ќе ја подобри кредибилната одбранбена способност на Канада за одвраќање на агресија во регионот, ќе обезбеди интероперабилност со американските сили и ќе ги зајакне капацитетите на Канада да придонесе за заедничка континентална одбрана“, додаде агенцијата.

Главни изведувачи ќе бидат компанијата „Боинг“ и корпорацијата „РТХ“, двете со седиште во Вирџинија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın