Турција

Шефот на турската дипломатија Фидан: Нарушувањето на турскиот воздушен простор е неприфатливо

За време на телефонскиот разговор со иранскиот колега, Фидан нагласи дека „нарушувањето на турскиот воздушен простор е неприфатливо“ и истакна дека Турција „ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки против ваквите инциденти“

Gizem Nisa Çebi Demir  | 10.03.2026 - Обновена : 10.03.2026
Шефот на турската дипломатија Фидан: Нарушувањето на турскиот воздушен простор е неприфатливо

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи рече дека нарушувањето на воздушниот простор на Турција е „неприфатливо“, јавува Анадолу.

За време на разговорот Фидан нагласи дека „нарушувањето на турскиот воздушен простор е неприфатливо“ и истакна дека Турција „ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки против ваквите инциденти“.

Исто така, тој истакна дека сите страни треба да се воздржат од активности што би можеле да ја загрозат регионалната безбедност или да претставуваат ризик за цивилите.

Од своја страна, Арагчи изјавил дека ракетите насочени кон турскиот воздушен простор „не потекнуваат од Иран“ и потврдил дека ќе биде спроведена темелна истрага за инцидентот.

Турското Министерство за национална одбрана вчера соопшти дека балистичка ракета, истрелана од Иран кон турскиот воздушен простор, била неутрализирана од системите за противвоздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран.

Министерството додаде дека делови од ракетата паднале на празна површина во југоисточната турска област Газиантеп, при што нема жртви ниту повредени.

Инцидентот се случи во услови на тековните напади на САД и Израел врз Иран, започнати на 28 февруари, при што според извештаите досега загинале околу 1.300 лица, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и неколку земји од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени бази.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın