Турција: Фатени 61 нерегуларен мигрант во Едрене
Тимовите на Командата на крајбрежната безбедност на отворени води кај местото Бозтепе во подрачјето на Енез фатиле 35 мигранти со потекло од Авганистан, меѓу кои и деца

ЕДРЕНЕ (АА) - Во турскиот град Едрене фатени се 61 нерегуларен мигрант кои се обиделе на илегален начин да преминат во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, безбедносните сили во подрачјето на Кешан запреле сомнително возило на излезот на ова подрачје.
Во возилото биле фатени 26 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан, од кои 4 деца, кои сакале на илегален начин да преминат во странство.
Од друга страна, тимовите на Командата на крајбрежната безбедност на отворени води кај местото Бозтепе во подрачјето на Енез фатиле 35 мигранти со потекло од Авганистан, меѓу кои и деца, кои со гумени чамци се обиделе да преминат во Грција.
Нерегуларните мигранти се пренесени во Дирекцијата за миграција во Едрене.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.