Турција упати сочувство до Хонгконг за смртоносниот пожар што одзеде десетици жртви
- „Изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до народот на НР Кина (Народна Република Кина)“
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес изрази сочувство до Хонгконг поради смртоносниот пожар во станбениот комплекс во населбата Таи По во кој животот го изгубија десетици луѓе, јавува Анадолу.
Министерството за надворешни работи преку соопштение истакна дека Анкара е „длабоко нажалена“ од загубата на животи предизвикана од пожарот што избувна вчера.
„Изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до народот на НР Кина (Народна Република Кина)“, се додава во соопштението.
Во најголемиот пожар во Хонгконг во последните години загинаа најмалку 83 лица, меѓу кои и еден пожарникар, а 76 се повредени, според весникот „Саут Чајна морнинг пост“. Многумина сè уште се водат како исчезнати, а противпожарните екипи продолжуваат со операциите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
