Балкан

Грчки екс-премиер Ципрас: Неуспешниот обид за државен удар во Турција ја попречи шансата за подобри грчко-турски односи

- „Според мене, доколку не се случеше државниот удар, четвртата седница на Високиот совет за соработка, која се одржа во Измир во март 2016, ќе можеше да стане важна пресвртна точка во грчко-турските односи“, наведува Ципрас во својата книга.

Ahmet Gençtürk  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Грчки екс-премиер Ципрас: Неуспешниот обид за државен удар во Турција ја попречи шансата за подобри грчко-турски односи

АТИНА (АА) – Неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, предводен од терористичката организација ФЕТО, ја спречи можноста за значително унапредување на грчко-турските односи, оценува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во својот новообјавен мемоар „Итаки“, јавува Анадолу.

Во книгата, која ги опфаќа неговите четири години на премиерската функција од 2015 до 2019 година, посебно поглавје е посветено на надворешната политика на Грција.

Ципрас наведува дека пред обидот за државен удар односите со Анкара биле насочени кон позитивна агенда.

Тој потсети дека во седумте месеци пред настаните од јули 2016 година три пати ја посетил Турција.

„Според мене, доколку не се случеше државниот удар, четвртата седница на Високиот совет за соработка, која се одржа во Измир во март 2016, ќе можеше да стане важна пресвртна точка во грчко-турските односи“, вели Ципрас.

Ципрас исто така открива дека бил на одмор кога дознал за обидот за државен удар.

„Јас бев еден од првите светски лидери што му се јави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да му ја пренесам мојата поддршка“, нагласува тој.

Во врска со киднапирањето на турски воен хеликоптер од страна на осум членови на ФЕТО кон северниот пристаништен град Александрополис во Грција на 16 јули 2016 година, тој тврдеше дека Грција е обврзана според меѓународното право да им даде азил на бегалците членови на ФЕТО.

Потсетувајќи се на телефонскиот разговор со Ердоган, за време на кој турскиот претседател побарал нивна екстрадиција, Ципрас рече: „Му кажав дека пучистите не се добредојдени во Грција, но грчкото судство ќе ја донесе конечната одлука за нивниот случај“.

„Прашањето за осумте бегалци остана постојан извор на тензии во турско-грчките односи најмалку две години“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.