Турција: Над 1.100 лица уапсени во операцијата за дрога во Анкара
- „Најмалку 1.159 лица се уапсени во Анкара како дел од операцијата против трговија со дрога извршена во ноември“, соопшти полицијата

АНКАРА/КОЊА
„Најмалку 1.159 лица се уапсени во Анкара како дел од операцијата против трговија со дрога извршена во ноември“, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата, исто така, заплени 118.850 опијати, 51 килограм канабис и 12 килограми хашиш.
„Околу 171 од уапсените се задржани во притвор“, додаде полицијата.
„Во одвоена операција во турската централна област Коња уапсени се две осомничени лица“, соопшти полицијата.
Полицијата, исто така, заплени 5.488 опијати во еден апартман.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.