Турција

Турција и Сомалија потпишаа протокол за Заедничка работна комисија и Акциски план за периодот 2026-2027 година

Првата седница на Заедничка работна комисија на Турција и Сомалија се одржа во главниот град на Турција, Анкара

Orhan Onur Gemici  | 14.01.2026 - Обновена : 14.01.2026
Турција и Сомалија потпишаа протокол за Заедничка работна комисија и Акциски план за периодот 2026-2027 година

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (AA) – Турција и Сомалија вчера го потпишаа Протоколот од првата седница на Заедничката работна комисија на Турција и Сомалија и Акцискиот план за периодот 2026-2027 година, со што договорот официјално стапи на сила, соопшти Министерството, јавува Анадолу.

Првата седница на Заедничка работна комисија на Турција и Сомалија се одржа во главниот град на Турција, Анкара.

Турскиот министер за труд и социјална безбеднат Ведат Ишикхан се сретна со сомалискиот министер за труд и социјални прашања Салим Алио Ибро и неговата делегација по повод одржувањето на состанокот.

Ишикхан истакна дека протоколот и акцискиот план предвидуваат сеопфатна и одржлива соработка во клучни области, меѓу кои работни инспекции, безбедност и здравје при работа, ефикасно управување со работната миграција, стручна обука и развој на национални професионални стандарди.

По билатералната средба со Ибро, Ишикхан претседаваше со состанок на ниво на делегации со сомалискиот колега.

Обраќајќи се на состанокот, турскиот министер изрази задоволство од континуираното зајакнување и проширување на односите меѓу Турција и Сомалија во сите области, нагласувајќи дека билатералните односи со текот на годините добиле стратегиска димензија.

Изразувајќи надеж за продуктивен период на соработка ориентиран кон резултати, Ишикхан рече: „Како Министерство му придаваме големо значење на споделувањето на нашето искуство со сомалиската страна во рамките на нашите надлежности и имаме цел да ја зајакнеме нашата соработка во овие области.“

Тој додаде дека Акцискиот план за периодот 2026-2027 година ќе ја подигне постојната соработка на повисоко ниво, ќе го прошири опсегот и ќе обезбеди цврста и одржлива правна основа за размена на информации, документи и експерти меѓу двете министерства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.