Aida Cako
14 Јануари 2026•Ажурирај: 16 Јануари 2026
ЕРЗУРУМ (AA) – Јавачи на коњи од различни професии, меѓу кои судии, полициски службеници, универзитетски професори, новинари и занаетчии, учествуваа во сафари-турите со јавање коњи во руралната област на округот Азизије, во источна Турција, јавува Анадолу.
Јавачите, опремени со зимска облека, се движеа низ снежните рамнини и преку замрзнати речни корита, создавајќи впечатлива сцена во зимскиот пејзаж.

Активноста претставува спој на спорт, рекреација и контакт со природата, овозможувајќи им на учесниците момент на одмор од динамичниот начин на живот.
Со пространите полиња, чистиот воздух и планинските предели Ерзурум станува омилена дестинација за љубителите на коњи и за оние што бараат рекреација.