Турција

Турција и Катар потпишаа 10 договори за различни области

Ердоган и Ал Тани имаа тет-а-тет средба во палатата на турското Претседателство во Анкара, по која следуваше меѓуделегациската средба и потпишувањето на договорите

Mehmet Tosun   | 26.11.2020
Турција и Катар потпишаа 10 договори за различни области

АНКАРА (АА) - Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамад ал Тани, потпишани се 10 договори помеѓу Турција и Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган и Ал Тани имаа тет-а-тет средба во палатата на турското Претседателство во Анкара, по која следуваше меѓуделегациската средба на двете земји.

По средбата, страните преминаа на церемонија за потпишување договори за различни области помеѓу Турција и Катар.

Во присуство на Ердоган и Aл Тани беа потпишани 10 договори за различни области помеѓу двете земји.

Исто така, во рамки на оваа церемонија министрите за надворешни работи на Турција и Катар, Мевлут Чавушоглу и Мухамед бин Абдурахман ал Тани, ја потпишаа Заедничката декларација на 6. состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар.

На церемонијата беа присутни турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар; министерот за трезор и финансии, Лутфи Елван; министерката за трговија, Рухсар Пекџан; министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу; министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли; министерката за семејство, труд и социјална политика, Зехра Зумрут Селчук; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун; портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, како и други претставници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın