Турција

Турција домаќин на „7. Истанбулска конференција за медијација“

Турција е една од земјите што во последните години вложува напори за изнаоѓање мирни решенија на меѓународните проблеми, при што нејзината медијација е заснована врз барањето на Обединетите нации (ООН) за креирање свест и капацитет

Zuhal Demirci   | 16.09.2020
Турција домаќин на „7. Истанбулска конференција за медијација“

АНКАРА (АА) - ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ - Турција, како земја која го има приматот во полето на медијацијата, на 17 септември ќе биде домаќин на „7. Истанбулска конференција за медијација“ со учество на високи претставници на меѓународните организации, пишува Агенција Анадолија (АА).

Турција е една од земјите што во последните години вложува напори за изнаоѓање мирни решенија на меѓународните проблеми, при што нејзината медијација е заснована врз барањето на Обединетите нации (ООН) за „креирање свест и капацитет“, а благодарение на своите активности стана земја која овозможува мирно решавање на споровите и во светот го понесе приматот на земја лидер во полето на медијацијата.

Турција, преземајќи ја оваа улога, продолжи да ја спроведува работата со структура што се спроведува на повеќе нивоа и со широка иницијатива, придонесувајќи во полето на медијацијата и теоретски и практично.

- „7. Истанбулска конференција за медијација“ -

По првата конференција што се одржа во 2012 година и на која учество зедоа локални и странски експерти од ова поле, 7. Конференција за медијација ќе се одржи во Истанбул на 17 септември оваа година.

На Конференцијата, што ќе ја отворат министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, учество ќе земат високи претставници од меѓународни организации и светски познати имиња од областа на медијацијата.

Светски познати експерти од областа на медијацијата што ќе земат учество на Конференцијата се поранешните специјални претставници на ОН, Гасан Саламе, Стефан де Мистура и Алваро де Сото, високи претставници на ОН, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Африканската Унија (АфБ) и Меѓувладината организација за развој (ИГАД) и проф. д-р Партиципати, а учество ќе земе и Вилијам Зартман.

На Конференцијата ќе се дискутира за предизвиците со кои се соочуваат луѓето што работат на полето на мирот од почетокот на појавата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), а детално ќе се дискутира како епидемијата ќе влијае врз динамиката на конфликтите.

На Конференцијата, која се состои од три главни панели, ќе се дискутира и за моменталната состојба во конфликтните зони, конфликтот и мировната динамика во постпандемискиот период и односот помеѓу дигитализацијата и градењето на мирот.

Оваа година поради ограничувањата предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Конференцијата ќе се одржи преку интернет и во живо ќе се емитува на Јутуб, што претставува иновација во сопствените рамки.

Организирањето на овој настан преку интернет претставува иницијатива што е во хармонија со духот на иницијативата „Дигитална дипломатија“, што ја објави министерот Чавушоглу по повод 11-тата Конференција на амбасадори одржана минатата година.

- На едно место ги собира сите заинтересирани за „Медијација за мир“ -

Конференциите за медијација во Истанбул, што се организираат во Министерството за надворешни работи на Турција од 2012 година, обединуваат политичари, дипломати, академици, експерти, студенти и сите што покажуваат интерес за полето на медијација за мир.

Со конференциите, на кои се дискутира за најсовремените методи во областа на медијацијата, се дава придонес во формирањето на идејната рамка во областа на медијацијата.


На досега одржаните конференции дискусиите беа фокусирани врз различни случаи, како што се ефектите на дигиталната трансформација врз динамиката на конфликтот, потребата за координација и комплементарност во областа на медијацијата, улогата на регионалните и меѓународните организации во медијацијата, односот помеѓу одржливиот развој и мирот и важноста на инклузивноста во областа на медијацијата.

Конференциите, исто така, придонесоа за развојот на капацитетот за медијација во рамките на ОН, ОБСЕ и Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Во тој контекст, успехот на конференцијата доведе до организирање слична конференција во Турција и за ОИС, почнувајќи од 2017 година.

- Иницијативи за медијација во меѓународните организации -


Турција, со цел да ја истакне важноста на медијацијата како превентивна дипломатија и решение за споровите и да ја направи повидлива пред меѓународната заедница, и за да се обезбеди распределување на поголем труд и ресурси за медијацијата, во 2010 година, со Финска, под покровителство на ОН, ја започна иницијативата „Медијација за мир“.

Оваа иницијатива предизвика значителен интерес и поддршка по прашањето за медијација, при што членството во „Групата на пријатели на медијацијата“ достигна бројка од 60, вклучувајќи 52 земји и 8 меѓународни и регионални организации, вклучувајќи ги и ОН.

Успехот на иницијативата на Турција во ОН обезбеди формирање слични групи и во рамките на ОБСЕ и ОИС.

Во овој контекст, Турција е единствена земја која во сите три групи има позиција на копретседател.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.